Граѓаните повторно ќе може да ја користат евтината тарифа на струјата

Прифаќањето на една понуда на тендерот за гасификација е извор на можност за корупција – изјави денеска рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што ќе прави Владата со натамошната гасификација. Тој додаде дека ќе и’ предложи на Владата тендерот да се преработи и преобјави.

За долгонајавуваниот проект за регионална гасификација на Македонија има само една понуда. Формирана е комсија што ќе ја отвори, но не знаеме кој е понудувачот – информира денеска Анѓушев.

„Понуда од една компанија сигурно не е доволна за да добиеме квалитетен понудувач и конкурентност која ќе даде квалитетна цена за македонските граѓани.“

На денешната прес конференција која се однесуваше на заклучоците од Самитот во Трст, било разгледувано и прашањето за враќање на евтина тарифа на струјата:

„Разговаравме како да ја реализираме оваа мерка без да бидат повредени правилата на Европската енергетска заедница. Постигнавме договор тоа да го реализираме. Граѓаните ќе имаат можност да користат евтина тарифа по два часа секој ден и сабота како што тоа беше пред укинувањето на евтината тарифа.

Инаку, следниот  Самит на европските лидери и премиерите на западно балканските земји ќе се одржи во лондон.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Заев: 35.000 работници ќе летуваат на сметка на државата

Работниците со ниски плати да летуваат на сметка на државата во некои од нашите туристички ...

Заев и Царовска во посета на текстилни фабрики во Штип

Претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска ...

Close