Група Албанци нападнале двајца Срби во Косовска Митровица

Двајца Срби се повредени откако во северниот дел на Косовска Митровица биле нападнати од група Албанци, пренесуваат српските медиуми.

Инцидентот се случил околу 18 часот во близина на плоштадот до главниот Ибарски мост. Повредите кои ги здобиле двајцата Срби не се опасни по живот. Жртвите на овој напад, на возраст од 33 и 41 години биле примени поради повеќе удари во пределот на главата и губење на свест.

Регионалниот шеф на оперативата на косовската полиција Жељко Бојиќ изјавил дека полицијата привела едно лице, осомничено за овој напад. Се работи за 25-годишен Албанец, а по останатите лица се уште се трага.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ (Fitch) го зголеми кредитниот рејтинг на Грција за еден степен, од ...

Тачи: Мора да бидеме подготвени на нови компромиси

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека верува оти лидерите во Косово и во Србија се ...

Close