Грција е во рецесиска спирала, предупреди бирото за буџет на парламентот

Грција има потреба од сериозно преструктурирање на долгот, а, исто така, и од продолжување на реформите, за да не банкротира, соопштија денеска грчките весници, повикувајќи се на привремениот извештај на Бирото за буџет на грчкиот Парламент.

Извештајот е насловен „Замка на долгот“.

Според весникот „Вима“, авторите на извештајот алармирале дека „Грција се наоѓа во замка на една взаемно потхранувана рецесиска спирала заради високиот и неподнослив долг, а, исто така, и заради постојната несигурност поради ниското институционално ниво во земјата”.

Од Бирото за буџет повикуваат на значајно преструктурирање на грчкиот долг, предупредувајќи уште дека секое одложување или доцнење, поврзано со преструктурирањето на долгот, може да доведе до полоша ситуација.

Експертите за буџет се категорични дека само преструктурирање на долгот без длабоки промени нема да е доволно за да може Грција да излезе од кризата и дека паралелно со тоа неопходнии се реформи, пишува весникот „Имерисија“.

„Нема никаков сомнеж дека сегашната ситуација на постојано потхранување на земјата со нови кредити води до безизлез и оваа безизлезност не е само за Грција, туку и за нејзините кредитори“, се наведува во извештајот, цитиран од весникот.

Извор: Миа

Додади коментар

Би те интересирало и

Хан: ЕУ мора да работи на нов пристап кон Турција

Европската унија мора да престане да ги следи активностите на Турција и да развие нов ...

Дачиќ денеска ќе ги каже причините за повлекувањето на српските дипломати од Македонија

Персоналот на амбасадата вчера беше повикан на консултации во Белград. РТС денеска ја потврди информацијата ...

Close