Двајца скопјани тешко повредени

Девет сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, во една од кои со тешки повреди се здобил велосипедист, а во друга едно лице е полесно повредено. Во останатите седум сообраќајки е причинета материјална штета.
Казнени мерки се изречени на 19 возачи поради движење со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор, осум возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и на осум возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.
Санкционирани се двајца  пешаци кои сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се и 52 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 55 возила.
Извор: Репортер
Додади коментар

Би те интересирало и

Формирана Групација на провајдери на дигитални решенија

Групација на провајреди на дигитални решенија е формирана во рамки на Стопанската комора на Македонија. ...

Во Валандово референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите на оваа општина треба да ...

Close