Две лица потешко повредени во вчерашната сообраќајка кај Куманово

Две лица се здобија со потешки, а 12 со полесни телесни повреди во вчерашната сообраќајка кај Куманово кога два автомобили се судрија со автобус кој превезувал 56 патници.

Вкупно 14 лица се здобиле со повреди во страотната сообраќајна незгода што се случи вчера околу 17:10 часот на автопатот Табановце – Куманово, кај т.н. НАТО клучка.
Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило марка „Ленд ровер“ со албански регистерски ознаки, автобус „МАН“ со гостиварски таблички кој превезувал 56 патници, управуван од Е.И. роден 1977 година од село Врапчиште, како и патничко моторно возило марка „Рно Лагуна“ со штипски регистерски ознаки управувано од 38-годишниот Д.М. од Пробиштип.
Со тешки повреди се здобиле М.М. возач на патничкото возило „ленд ровер“ и неговиот сопатник Л.М. Двете лица по укажаната прва помош во Кумановската болница се пренесени во Ургениот центар во Скопје.
Дванаесет лица се здобиле со полесни телесни повреди и помош им е укажана во кумановската Општа болница.
Увид на лице место извршија полициските службеници и јавен обвинител.

Додади коментар

Би те интересирало и

Државјанка на Србија загина во сообраќајната несреќа кај Удово

Педесет и шестгодишна државјанка на Србија утринава загина во сообраќајната несреќа што се случи на ...

Сообраќајка на автопатот А1 кај Удово, сообраќајот се пренасочува низ селото

Поради сообраќајна несреќа што пред околу еден час се случила на автопатот А-1 делница село ...

Close