Две лица се повредени во сообраќајна незгода во Битола

Вчеравечер во Битола, „Битла-Ниже Поле“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди А6“ со битолски регистарски ознаки управувано од Г.И.(29) од Битола и патничко моторно возило „Ауди А3“ исто така со битолски регистарски ознаки управувано од М.Ш.(36) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на капаче од десно колено) се здобил М.Ш кој е пренесен во Клиничка болница Битола каде му е укажана лекарска помош и е задржан на понатамошно лекување, и сопатничката на патничко моторно возило „Ауди А3“, С.Ш. (30) од Битола која се здобила со тешки телесни повреди (фрактура на капаче од лево колено) по што е пренесена во Клиничка болница Битола каде и е укажана лекарска помош и е пуштена на домашно лекување.

Увид на лице место извршила увидна екипа на битолската полиција.

Додади коментар

Би те интересирало и

Дете од крушевско Алдинци паднало од далековод

Детето во свесна состојба, но со крварење во мозокот е пренесено во Ургентниот центар во ...

Двајца починати од тешка заразна болест, уште четири лица задржани на Инфективна

Заразната болест од која починале две лица на Клиниката за инфективни болести во Скопје предизвика ...

Close