Дело од македонската композиторка Дарија Андовска ќе биде изведено на фестивалот VU2 во Јута

Делото Liquid-crystal од истоименото авторско CD на македонската композиторка и професорка на Факултетот за музичка уметност Дарија Андовска е селектирано во официјалната програма на фестивалот на електронска музика и sound art – VU2 во Парк Сити, Јута, САД.

Во рамки на истиот фестивал ќе бидат изведени дела од реномирани светски имиња од рангот на познатиот германски композитор на електронска музика Карлхајнц Стокхаузен, Американецот Милтон Бабит и др.

Андовска е единственото балканско име помеѓу шесте европски од вкупно 64-те композитори застапени во програмата на овој еднодневен фестивал кој ќе се оддржи на 18-ти јули во Park City Library.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Сашо Тасевски, нов директор на Драмски театар

Сашо Тасевски станува нов директор на Драмски театар, откако денеска беше разрешен Роберт Вељановски, дознава ...

Оливер Стоун гостин на филмскиот фестивал во Сараево

Познатиот американски режисер Оливер Стоун ќе биде гостин на овогодинешниот филмски фестивал во Сараево, на ...

Close