Делумна забрана за движење во шумите

Поради високите температури и опасноста од појава на шумски пожари од денеска до 15-ти следниот месец се воведува делумна забрана за движење во шумите со стопанска намена, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Одлуката на ресорното Министерство не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, како што се националните паркови, парк шумите, шуми со специјална намена споменици на природата и слично. Одлуката, исто така, не важи и за организирана група туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови и  парк шумите.

Туристичката тура, се посочува, ќе биде во придружба на претставник од ЈП „Македонски шуми“, националните паркови и парк шумите.

Додади коментар

Би те интересирало и

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Собранието да одлучи за Договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара јавна, отворена и итна седница во врска со најавата за ...

Интегрална верзија од Договорот со Бугарија

Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде објавен на 1-ви следниот ...

Close