Децата од Шуто Оризари ќе добијат нова градинка

Опожарената градинка  „8-ми Април” во Општина Шуто Оризари ќе биде целосно рекоунструирана. 140-те деца кои ја посетуваа оваа градинка ќе може да се вратат и во нов објект да го добиваат соодветното предучилишно образование, најави денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Таа информира дека реконструкцијата ќе чини 700.000 долари, пари кои целосно ги обезбедува Министеството за надворешни работи на Норвешка. Проектот ќе биде реализиран од Програмата за развој на ОН (УНДП) присутна во земјата:

„Дополнително со реконструкцијата е предвиден и простор за опфат на деца во јасли или за дечиња од 9 месеци до 24 месеци, со тоа што и дневниот центар за деца на улица кој што предходно постоеше во предходната градинка исто така ќе биде оспособен со посебен влез и ќе може да биде користен од страна на децата кои што во моментот се во даден ризик или се деца на улица“.

Царовска денеска ја посети опожарената градинка заедно со Постојаниот претставник на УНДП во земјава, Луиза Винтон.

„Како и кај многу други катастрофи, несреќата во Шуто Оризари претставува можност  повторно да се изгради подобро. Идејниот проектот подразбира обнова на објектот и обезбедување побезбедна и потопла средина соодветна за сите деца, вклучително и децата со попреченост. Сето ова ќе има и позитивен импакт на квалитетот на живот во општината, а посебно врз семејствата на кои што ќе им се отворат нови можности за вклучување на пазарот на трудот“, потенцираше Винтон.

Старата опожарена градинка  е единствена од таков тип во општината, на простор од 1500 м2. Новиот објект директно ќе помогне на повеќе од 200 семејства, претежно од ромска националност, чии што деца од 2 до 5 години се вклучени на предшколскиот систем.

 

Вања Мицевска

Додади коментар

Би те интересирало и

Уништен единствениот парк во Тетово – Општината не реагира

Единствениот парк во Тетово наспроти спортскиот цетнар е целосно запуштен од градските власти. Реквизитите на ...

СДСМ обвинува дека Коневски профитира од наводни бесплатни реклами, Општината негира

Градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски профитира од наводните бесплатни рекламни кампањи за општината – обвини ...

Close