Дејвис не очекува дека Велика Британија ќе и’ плати 62 милијарди долари на ЕУ

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис изјави дека не очекува Велика Британија да и’ плати 62 милијарди долари на Европската унија, како дел од излезниот процес, наведувајќи дека ерата на исплата на огромни суми од страна на Брисел е завршена. ­

„Не добивме никакво барање од Европската комисија. Но, нашето гледиште е едноставно, ќе ги исполниме сите обврски, ние сме земја што ги почитува законите“, нагласи Дејвис.

Тој истакна дека Велика Британија ќе ги исполни своите обврски, но Унијата да не очекува толкав паричен износ бидејќи е завршено времето кога Велика Британија и исплаќаше големи суми на ЕУ.

Британските медими оценија дека излезот на Велика Британија од ЕУ може да чини меѓу 62 и 74 милијарди долари.

Додади коментар

Би те интересирало и

УНИЦЕФ: Исламистите од Боко Харам се повеќе деца користат како „човечки бомби“

Исламистичката група Боко Харам се повеќе деца, главно девојчиња од североисточна Нигерија, ги користи како ...

Во Мароко се уапсени две лица осомничени за врски со терористите од Барселона

Мароканските власти уапсиле две лица, осомничени за врски со извршителите на терористичкиот напад во Барселона, ...

Close