Димитров – Бишоп: Дијаспората е мост за поголема соработка меѓу Австралија и Македонија

Македонската дијаспора, билатералната и економската соработка биле главните теми на состанокот на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, и австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп. Тие заклучиле дека постои огромен потенцијал за соработка меѓу двете земји, а како мост за таа сораборка ја посочија и бројната македонска дијаспора во Австралија.

Шефицата на австралиската дипломатија ги поздрави прмените во Македонија и изрази надеж дека тие ќе бидат почести во иднина.

– Особено сум задоволна што сум тука во овој период кога има големи очекувања, големи можности, во време кога македонскиот народ има нова влада и врти нова страница. Земјата отвора ново поглавје и Австралија ве охрабрува во спроведувањето на сите задачи што се поставени на агендата – економските реформи, заложбите за демократија, демократските вредности, за владеење на правото и човековите права, нулта толеранција за корупцијата. Треба да се поддржат напорите во овие цели и ќе направиме сè што можеме да ве поттикнеме во вашите напори – рече Бишоп.

Димитров истакна дека поради географската оддалеченост, не се можни пречести средби, но дека би било добро да се има редовни средби и на министерско и на повисоко ниво меѓу Република Македонија и Австралија.

На средбата било разговарано и за можностите за зголемување на економската соработка, на трговската размена меѓу двете земји, како и за глобалните предизвици како што се мигрантската и бегалската криза, борбата против тероризмот и заедничките напори кои можат да ги направат двете земји како дел од Коалицијата против ИД.

Посетата на Бишоп на Македонија е во рамки на нејзината балканска турнеја. Ова е прва посета на австралиски министер на Македонија, од прогласувањето на независност во 1991 година.

Преземено од: Мета.мк

Додади коментар

Би те интересирало и

Состојба на патиштата: Зголемен интензитетот сообраќај надвор од градовите

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци ...

Времето денеска: Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локални краткотрајни врнежи oд дожд ...

Close