Дискусија за независноста на судството како гарант за правата на граѓаните

Независноста и непристрасноста на судиите како гарант на правата и слободите на граѓаните и улогата на Здруженијата на судиите во зајакнување и унапредување на независноста на судството, се темите на кои ќе се разговара на конференција што ќе се одржи денеска во Скопје.

Предвидено е поздравни обраќања да имаат Џемали Саити, претседател на Здружението на судиите, судија на Врховниот суд, потоа амбасадорката Нина Суомалаинен, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Чарлс Гарет, амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Македонија.

Ова е завршен настан од проект кој го реализирале во соработка со Отсекот за владеење на правото при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Британската амбасада и Институтот за правни истражувања и анализи

Додади коментар

Би те интересирало и

Формирана Групација на провајдери на дигитални решенија

Групација на провајреди на дигитални решенија е формирана во рамки на Стопанската комора на Македонија. ...

Во Валандово референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите на оваа општина треба да ...

Close