Домашен пијалок кој ефикасно ги чисти бубрезите

Бубрезите се едни од најважните органи кои го прочистуваат нашето тело. Благодарение на нив се елиминираат сите токсини и вишокот сол од организмот. Сепак,  потребно е нивно периодично чистење за да можат непречено и подобро да функционираат.

Со текот на времето, солите и токсините се акумулираат во бубрезите, како и песок и камења. Затоа, потребно е редовно да се отстрануваат со цел да се избегне оштетување на бубрезите.

Земете малку свеж магдонос па исечкајте го крупно, ставете го во сад и прелијте го со вода (доволно за да се покријат листовите).

Ставете го садот на шпорет, па штом водата ќе зоврие, оставете да се готви на умерена температура уште 10 минути.

Потоа, отстранете го од огнот и оставете да се излади (садот треба да биде покриен). Процедете, а чајот чувајте го во фрижидер.

 

Употреба:

Пијте по една чаша дневно.
Веќе по неколку дена ќе забележите дека вашата урина се менува, како што телото започнува да ги исфрла сите токсини акумулирани во бубрезите.

Исто така, мора да бидете внимателни, ако се сомневате дека имате камења во бубрезите. Овој чај од магдонос ​​ќе ги „подбутка“ и нив, па можеби ќе треба да посетите доктор.

Покрај чај од магдонос, треба да се консумира доволно течности во текот на денот, со цел да им се помогне на бубрезите да работат подобро.

Покрај магдоносот, други добри чистачи на бубрезите се: јаболка, лимони, лубеници. Се верува дека и маслиновото масло помага за полесно исфрлање на камења во бубрезите.

Иако овој пијалок е сосема безбеден природен лек, не заборавајте дека треба да се избегнува во текот на бременоста и препорачливо е да се консултирате со лекар.

Се препорачува да се пие овој чај двапати месечно, како дел од редовна детоксикација на организмот. Покрај тоа, тој е исто така одличен за ослободување на менструалните болки.

 

Извор: nmd.mk


Во етер
Наслов
Изведувач

Background
mk Macedonian
X