Домашен сладолед од лубеница

 

Во екот на летната сезона, кога лубениците се исклучително актуелно овошје, не ја пропуштајте можноста сами да направите сладолед со лубеница како главна состојка. Се прави брзо, а посебно освежува.

За смесата ви е потребно лубеница и мента. Откако лубеницата ќе ја исчистите од семки, ставете ја во блендер. Во меѓувреме свежите листови мента протријте ги меѓу прстите за убаво да ја испуштат целата арома, па исечкајте ги на ситно и додадете ги во лубеницата.

Во ваквата комбинација можете да додадете и сок од еден лимон за киселкаст вкус на сладоледот. Откако смесата е целосна, распоредете ја во калапи за сладолед, или пак во пластична кутија и ставете ја во замрзнувачот во текот на следните неколку часа.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Жените кои водат љубов барем еднаш неделно стареат побавно

Сексуалните односи го успоруваат стареењето кај жените, дури и ако не уживаат во интимноста – ...

Шише „Пенфолд гранж“ на аукција во Австралија продадено за над 35.000 евра

Шише исклучително ретко вино на познатата австралиска винарија „Пенфолдс“, е продадено за 51.750 австралиски долари ...

Close