До кога ЕУ ќе ги премолчува испадите на Ердоган?

Колку уште ЕУ ќе дозволи Анкара да ја провоцира, пред земјите-членки да се договорат за заедничка реакција? Капката одамна ја прелеа чашата, смета Александар Кудашеф.Тоа е, за жал, многу едноставно: во борбата, во изборна борба за новиот устав, турскиот претседател пука на сите страни: навредува, полемизира, напаѓа без мерка, непристојно и без дипломатска воздржаност- германската канцеларка, цела Германија, Холандија, Европската Унија, Европејците во целина. А во позадина, неговите министри аплаудираат и скандираат на иста мелодија, во какофонија од обвинувања и агресивни инсинуации. Нема ден, а Ердоган да не тропне нешто и свесно да ги навреди другите политичари и земји. Во тоа не може да го стигне ни Доналд Трам со своите твитови.
А реакциите? Мнозинството се прави дека не слуша. Едни, провокативните тиради ги објаснуваа како слабост на Ердоган, други пак велат дека треба да се надеваме дека со завршувањето на кампањата односите повторно ќе се нормализираат, а трети повторно велат дека дипломатската воздржаност е единствена вистинска форма на умерено реагирање. И поради тоа, а на незадоволство на народото, само ретко доаѓа до жестоки вербално изразени ставови. Во изразувањето на јасен став предничи германската канцеларка Ангела Меркел која, на крајот на краиштата, изрази и солидарност со Холандија. Сепак, би биле благодарни да дознаеме дали германската влада на долги патеки ќе дозволи фашистички и нацистички споредби.

Би било добро Турците да кажат „Не“

Од Европската унија, во која Ердоган се уште сака, од претпазливост не се слуша речиси ништо. Во ред, не живеат во сите земји од ЕУ толку Турци како во Германија, Холандија, Австрија или Франција. Но од Брисел се очекуваше барем реторичка поддршка за нападнатите земји. Како и да е, Европскиот парламент веројатно ќе одлучи да ги сопре преговорите за членство на Турција, но тие преговори во реалноста и не постојат, и практично одамна се сопрени. Тоа значи дека актуелното статус кво нема да се промени. Турција наводно сака да влезе во ЕУ, а ЕУ преговара колку да преговара- за ништо.
Ердоган провоцира како слабак. Тој ги крши дипломатските правила, а се со цел од една секуларна република да направи ориентална деспотија. Притоа се надева дека Турците ќе застанат зад него и неговите испади. Само, би било добро (иако не може да се верува на анкетите) Турците да кажат не на барањето на Ердоган за повеќе власт, на неговата претседателска диктатура. Тоа би било убаво за Турција, за Турците и за Европската Унија.
Во секој случај, односите меѓу земјата на Босфорот и Европејците, а особено Германците, нема така брзо повторно да се смири. Испадите на Ердоган фрлаат заслепувачко светло врз, можеби, и не толку моќниот човек во Анкара. И кој воопшто сака да има нешто со тој претседател и со неговото политичко однесување по референдумот? Ердоган тоа го чувствува и веќе кокетира со можниот нов стратешки партнер. Но ЕУ мора итно да одлучи дали сепак ќе излезе со заеднички став во однос на Ердоган, наместо и натаму да дозволува да биде влечена за нос.

Извор: DW

Додади коментар

Би те интересирало и

УНИЦЕФ: Исламистите од Боко Харам се повеќе деца користат како „човечки бомби“

Исламистичката група Боко Харам се повеќе деца, главно девојчиња од североисточна Нигерија, ги користи како ...

Во Мароко се уапсени две лица осомничени за врски со терористите од Барселона

Мароканските власти уапсиле две лица, осомничени за врски со извршителите на терористичкиот напад во Барселона, ...

Close