Еврокомесарот Хан во Скопје

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан денеска во Скопје ќе раговара со лидерите на политичките партии за надминување на кризата во Македонија.

Првата средба, најавена во 12.40 часот, ќе биде со лидерот на ДПА Мендух Тачи по што следуваат средбите со лидерите на БЕСА, потоа и на Алијанса за Албанците, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Средбата со лидерот на СДСМ Зоран Заев е најавена да се одржи по 16 часот, за потоа Хан да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов.

Последната средба, нешто по 20 часот, Хан би требало да ја има со поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски по што е најавено еврокомесарот да даде изјава за медиумите.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

ДОМ: Министерствата направиле законски прекршување при издавање на дозволите за отворање рудници

Најмалку четири министерства направиле законски прекршувања во процесот на издавање на концесиите за отворање рудници ...

На Македонија и’ треба еколошки Прибе се согласија заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и екологистите

На Македонија и’ треба еден еколошки Прибе, еден момент за еколошка правда. Министерството и владата ...

Close