Ердоган им порача на европските Турци: Множете се, тоа е одговор на непријателството

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците во Европа да основаа големи семејства и оцени дека тоа ќе биде најдобриот одговор на дискриминацијата на која се изложени.

„Образувајте ги децата во најдобрите училишта, семејствата да ви живеат на најдобрите места, возете ги најдобрите автомобили, живејте во најдобрите куќи и имајте по пет, а не само по три деца“, кажа Ердоган во Ескишехир, јужно од Истанбул.

„Тоа е најдобриот одоговр на непристојноста и непријателството на кои сме изложени“, додаде турскиот претседател.

Ердоган постојано ја истакнува дискриминацијата на која, според него, се изложени Турците и муслиманите во Европа од почетокот на дипломатската криза со неколку земји од ЕУ.

Турската дијаспора во Европа има неколку милиони луѓе, од кои 2,5 милиони имаат право на глас на турските избори.

Турскиот претседател, татко на четири деца, уште минатата година побара од Турчинките да раѓаат најмалку по три деца со што го предизвика гневот на борците за човекови права.

Превземено од МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

Меркел: Германските власти нема да толерираат мешање однадвор во предизборниот натпревар

Германската Влада нема да трпи обиди за мешање во предизборната борба, изјави синоќа канцеларката, Ангела ...

Турцијa: Приведени петмина борци на ИД кои планирале напад во Истанбул

Турските безбедносни сили приведоа петмина борци од терористичката групација „Исламска држава“, кои планирале да извршат ...

Close