ЕУРО У-21: Германија ја освои шампионската титула

Младата репрезентација на Германија ја освои шампионската титула на Европското првенство за фудбалери до 21 година, што се одржа во Полска.

Германците во финалниот меч одигран во Краков, ја победија Шпанија минимално со 1:0 со голот на Михаел Вајсер постигнат во 40-та минута.

Иако „црвената фуријата“ важеше за фаворит, сепак Германците уште еднаш покажаа дека никој не смее да ги отпише и го урнаа митот за непобедливите Шпанци.

За Шпанија, која е втора најтрофејна нација на младинските првенства со четири титули, ова беше трето загубено финале, додека пак Германија во петтото финале стигнаа до вториот шампионски трофеј.

Потсетување дека дебитантски настап на овој младински Европски шампионат имаше и репрезентацијата на Македонија, која предводена од селекторот Благоја Милевски на крајот заврши како 12-то пласирана, но со својата борбеност и прикажаните игри во дуелите со Шпанија, Португалија и Србија, црвено-жолтите заслужено добија висока оценка за својот настап.

Додади коментар

Би те интересирало и

Голема победа на Вардар против Копенхаген, „црвено-црните“ на чекор до историја!

Вардар слави голем триумф над Копенхаген, „црвено-црните“ победија со 1-0, триумф без примен гол кој ...

Со дербито Шкендија – Вардар стартува новата сезона во ПМФЛ

Со дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар ќе биде отворена новата сезона во македонскиот фудбалски ...

Close