ЕУ ќе ја финансира пругата до Бугарија

Европската Унија ќе ја финансира изградбата на железничката пруга на Коридорот 8 која треба да ги поврзе Црното и Јадранското Море минувајќи низ Македонија. Изградбата на пругата, која македонските политичари ја најавуваат уште од 1990-те години, секогаш се претставуваше како приоритет, но до денес, остана нереализирана.

Во интервју за Дојче веле во пресрет на почетокот на самитот ЕУ-Западен Балкан во Трст, комесарот за проширување Јоханес Хан најавува дека Унијата ќе понуди финансирање на шест транспортни проекти- дел за автопати, а дел за железници.

„Еден од железничките проекти е и славниот Коридор 8, кој треба да изгради врска исток-запад од Бугарија преку пјР Македонија, и на крајот до Албанија”, вели Хан за ДВ.

На самитот во Трст кој почнува денеска, Брисел ќе го претстави новиот амбициозен план за Западниот Балкан кој се фокусира на два сегменти: „инфраструктура и луѓе”, како што вели висок дипломат на ЕУ.

Во делот на инфраструктурата, ЕУ планира да привлече меѓународни финансиски институции преку финансирање на грантови за Западниот Балкан. Фокусот ќе биде на транспортот и енергетиката. Целта е да се формира пазар од 20 милиони потрошувачи кој ќе придонесе за побрз развој на регионот, но и за негово меѓусебно, и приближување кон ЕУ. Во Брисел, притоа, ги отфрлаат сугестиите и критиките дека на овој начин се формира некаква нова „Југославија” и тврдат дека тоа воопшто не е целта, а како пример за регионалното поврзување ги наведуваат балтичките држави. „Пазар од 20 милиони луѓе е многу атрактивен, а соработката на регионално ниво ќе им помогне на земјите да биде поконкурентни во самата ЕУ тогаш кога ќе станат дел од неа”.

Најважната цел на ЕУ сега е да ги убеди земјите од Западниот Балкан „дека се дел од нас, дека се дел од семејството”, вели висок ЕУ дипломат.

Македонија на самитот во Трст, како четврто продолжение на ткн. Берлински процес, ја претставуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министрите за надворешни работи и транспорт Никола Димитров и Горан Сугарески.

Преземено од: МКД.мк

Додади коментар

Би те интересирало и

Дачиќ: Српската држава не одлучува за одбележувањето на Илинден во манастриот Прохор Пчински

По повод барањето на македонските власти на македонска државна делегација да и се дозволи годишнината ...

Викенд Медиа Фестивал во Хрватска ја носи „Туро“– водечката „peer-to-peer“ апликација за споделување на автомобили

За својот десети роденден Викенд Медиа Фестивал ќе биде домаќин на „Туро“ (Turo), водечка компанија ...

Close