Жбогар: Има голем интерес во Брисел за тоа што се случува во Македонија

Договорот од Пржино доведе до решение, но сè уште има работи кои треба да бидат имплементирани – ова е ставот на Евроамбасадорот, Самуeл Жбогар кој го изнесе како одговор на новинарско прашање при денешната посета на Валандово.

Според него, доста време помина и треба да се придвижат работите кон формирање на нова влада, а процесот на пржино покажал дека дијалогот е единствениот начин да се оди напред.

„Кога ќе се осврнеме на Договорот од Пржино, ќе видиме дека тој беше напорен процес, но доведе до решение. Од него сè уште треба да се исполнат одредени работи, пред сè реформските приоритети. Се надеваме дека следната влада ќе се посвети на исполнување на реформите“, рече Жбогар за време на промовирањето на проектот „ЕУ за тебе”.

Прашан за посетата на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, на Македонија, Жбогар рече дека тоа сè уште не е потврдено и додаде дека сепак има голем интерес во Брисел за тоа што се случува во Македонија.

Жбогар беше прашан и за тоа зошто ЕУ досега не го осуди потпишувањето на албанската платформа, на што тој одговори дека секоја држава од регионот треба да се фокусира на својот процес на реформи кој ќе ја доближи до процесот на интеграција во унијата.

Додади коментар

Би те интересирало и

Денеска се одржува 31 -то издание на Охридскиот пливачки маратон

Денеска во Охрид се одржува 31. Издание на Охридскиот пливачки маратон. Настанот почнува во 12 ...

Половина час мештаните од Порој и Џепчиште го блокираа регионалниот пат Тетово – Јажинце

Половина час мештаниите од Порој и Џепчиште го блокираа регионалниот пат Тетово – Јажинце, револтирани ...

Close