Жoлтo ниво за опасност од пожари во Грција

Цивилната заштита во Грција денеска објави жолто ниво на опасност од пожари.

Жештините од последниот период и силниот ветер создаваат висок ризик од пожари, алармираат властите. Според нив, најголема е опасноста на полуостровот Атика, но и во континенталните региони, северното крајбрежје на Егејското Море и на Крит.

Огнените стихии во Грција досега опустошија големи шумски површини, соопшти Цивилната заштита.

Единствениот пожар, што во моментов е активен, е тој во областа на Лаврио во јужна Атика.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Трст – Порано по фармерки, сега по политичка и економска ренесанса за Балканот

Заедничко за овие иницијативи, договори и планови од Берлинскиот процес е поврзување на инфраструктурата и ...

Пожар во луксузен хотел во Истанбул

Пожар избувна рано изутринава во еден луксузен хотел со пет ѕвезди во истанбулката населба Бајрампаша. ...

Close