Загина 27 годишен битолчанец на патот кон Меџитлија

Утрово во 5:50 часот на патот Битола-граничен премин Меџитлија, во близина на црквата кај село Кравари, Битолско, се случи сообраќајна несреќа во која едно лице загина, а друго е потешко повредено. Информацијата ја потврдуваат од СВР Битола, но до завршувањето на истрагата, не се соопштуваат дополнителни детали.

Возилото „Ауди 80“ со битолски таблици излетало од патот, а возачот, 27-годишно момче од Битола им подлегнал на повредите во Клиничката болница. Сопатникот во возилото се здобил со тешки телесни повреди и е хоспитализиран во битолската болница.На местото на настанот е извршен увид од екипа на СВР Битола во присуство на Јавен обвинител.

Инаку, овој патен правец кој важи за еден од најпрометните, со години наназад не е реновиран и најмалку во годината одзема барем по еден човечкли живот.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Швајцарија: Маж со моторна пила повредил пет лица

Најмалку пет лица се повредени, од кои две добиле тешки повреди, во напад на сѐ ...

Две лица се убиени во израелската амбасада во Јордан

Двајца Јорданци загинаа, додека еден Израелец е ранет во инцидент со огнено оружје, во израелската ...

Close