Заев денеска повторно во Основното јавно обвинителство

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска повторно треба да се појави во Основното јавно обвинителство, каде неговата одбрана ќе врши увид во доказите на предметот, што се однесува на сомнението за злоупотреба на финансиски средства и за лажирање на финансискиот извештај за последните предвремени парламентарни избори.

По минатиот распит во ОЈО, Заев изјави дека ќе докажат дека се невини, а забележа дека секогаш кога СЈО отвора истрага за фунционери од минатата власт, ОЈО отвора контра истрага за него.

„Повикани сме под сомнение за злоупотреба на изборна кампања во 2016 година. Договорени сме в среда во 12 часот, согласно постапката, да направиме увид во доказите за да можеме да ја дадеме нашата одбрана. Како што знаете, овде сме да ја докажеме нашата невиност, почитувајќи ги институциите, да ја докажеме невиноста како организатори на изборната кампања“, изјави тој минатата недела.

Под истрага на Обвинителството освен Заев е и едно вработено лице во администрацијата на СДСМ и правното лице СДСМ.

Во понеделникот на распит беше повикан и генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Тој не се појави во Обвинителство затоа што не примил покана. Од Обвинителство сепак, рекоа дека тој бил уредно повикан.

Додади коментар

Би те интересирало и

ДОМ: Министерствата направиле законски прекршување при издавање на дозволите за отворање рудници

Најмалку четири министерства направиле законски прекршувања во процесот на издавање на концесиите за отворање рудници ...

На Македонија и’ треба еколошки Прибе се согласија заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и екологистите

На Македонија и’ треба еден еколошки Прибе, еден момент за еколошка правда. Министерството и владата ...

Close