Заев: Минимум 61 потпис е доволен основ да биде закажана седница

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска изјави дека очекува час поскоро да биде закажана седница за избор на претседател на Република Македонија.

„Верувам дека мора да се одржи една координација претходно за да се договори составот на Комисијата за избори и именувања , којашто е трета точна од дневниот ред. Тоа може да се случи денеска, понеделник или вторник. Тоа што го знам преку медиумите е дека ако биде покренета иницијатива со минимум 61 потпис тоа е доволен основ да биде закажана прекинатата седница  за избор на претседател на собранието“, потенцира Заев.

Тој додаде дека како потенцијален мандатор нема да дозволи да се трошат 20 денови за преговори за влада и дека ако го добие мандатот ќе ги скрати сите рокови за да им се заштеди и на граѓаните и на Република Македонија време, денови, период затоа што, како што вели тој, очекувањата на сите се да има натпревар во државата по пат на дебата и дискусија.

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close