Заев ѝ го честита приемот на Нотарската комора во Советот на нотаријатите на ЕУ

Премиерот Зоран Заев, од име на Владата и од свое име, на Нотарската комора на Република Македонија, како и на претседателот на комората Васил Кузманоски им го честита приемот во Советот на нотаријатите на Европската Унија (CNUE).

Советот на нотаријатите едногласно ја одобри апликацијата на Нотарската комора на Република Македонија на Генералното собрание кое се одржа во Шпанија, на 16 и 17 јуни годинава. Со ова македонската нотарска комора се здоби со статус на набљудувач во CNUE.

Нотарската комора на Македонија исто така е член и на Меѓународната унија на нотаријатите (UNIL).

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Семејствата на киднапираните Македонци од 2001 година, бараат повторно да отвори истрага за овој случај

Семејствата на киднапираните Македонци од 2001 година, бараат македонскиот правосуден систем повторно да отвори истрага ...

Мерките за реформи во правосудството најбројни во Планот 3-6-9

Министерството за правда веќе има формирано Совет за следење на реформите во правосудството. Истовремено, формирани ...

Close