Започнуваат големите воени вежби на Црното море – Американците пристигнаа, Русите бесни

САД започнуваат големи поморски воени вежби во близина на украинскиот брег на Црното море на кои што ќе учествуваат 16 земји, повеќе од 30 воени бродови и неколку илјади војници.

Неколку американски воени бродови со околу 800 војници, пристигнаа на просторот на Црното море каде ќе учествуваат на 12 дена долгите поморски воени вежби со назив “Sea Breeze 2017”.

Во овие воени вежби ќе учествуваат воените морнарици на вкупно 16 земји, истите ќе бидат одржани во близина на украинскиот брег на Црното море, односно на северозападот на Црното море во близина на украинското пристаниште Одеса.

Се очекува во вежбите да учествуваат вкупно 31 брод, 29 воени авиони и над 3 илјади војници, а ова во текот на вчерашниот ден го потврди портпаролот на украинското министерство за одбрана.

Во воените вежби “Sea Breeze 2017” оваа година, ќе учествуваат воените морнарици и војници на вкупно 16 земји, а тоа се: Белгија, Бугарија, Канада, Франција, Грција, Италија, Литванија, Молдавија, Норвешка, Полска, Романија, Шведска, Турција, Украина, Велика Британија и Соединетите Американски Држави.
Сепак, на официјалното лого на овогодинешните воени вежби се истакнати знамињата на само две држави – американското и украинското знаме, како и слоганот „Сигурност, соработка, почит“.

Покрај тоа, во меѓувреме, Американците се погрижија во Литванија да го инсталираат својот против-воздушен ракетен систем од долг домет – „Патриот“. Ова е прв ваков потег во историјата на САД, еден американски напреден против-воздушен систем да биде инсталиран во близина на руската граница.

Ракетниот систем „Патриот“ наскоро ќе биде искористен за време на воените вежби “Tobruk Legacy”, а на 22-ри јули по завршувањето на воените вежби, истиот ќе биде вратен во САД.
Русите секако негодуваат на ваквите потези на САД и НАТО кои што зачестија со големите воени вежби во близина на руските граници и ќе се обидат да одговорат со воените вежби на руската и белоруската армија насловени како „Запад 2017“. Западните аналитичари тврдат дека учество во руските воени вежби ќе земат над 100 илјади војници и тоа ќе биде најголемиот маневар на руската војска во последните неколку години.

 

Преземено од: Точка.мк

Додади коментар

Би те интересирало и

Трета ноќ судири меѓу анархисти и полиција во Атина

Самопрогласените анархисти синоќа трета ноќ по ред се судрија со полицијата во пошироката област на ...

Две лица потешко повредени во вчерашната сообраќајка кај Куманово

Две лица се здобија со потешки, а 12 со полесни телесни повреди во вчерашната сообраќајка ...

Close