Затруени над 200 работници во Тетово

Изминатата ноќ од храната што била поделена во работничката менза на компанијата Леар од Тетово се затруле над 200 работници. 226 од нив биле примени во тетовската Клиничка болница, а 23 се препратени во болницата во Гостивар.

Случајот го потврдија од полицијата во Тетово, каде е пријавено, но детали се најавени за подоцна.

Според информациите на Канал 77, бројот на затруени работници е малку поголем и веројатно се работи за работници од двете смени – од втората и третата смена. Според овие информации, храната во работничката менза се носи од ресторан од соседна Брвеница. Американската компанија Леар во Технолошко индустриски- развојната зона (ТИРЗ) во Тетово произведува автомобилски навлаки за седишта. Со работа започна во ноември минатата година.

Додади коментар

Би те интересирало и

ДОМ: Министерствата направиле законски прекршување при издавање на дозволите за отворање рудници

Најмалку четири министерства направиле законски прекршувања во процесот на издавање на концесиите за отворање рудници ...

На Македонија и’ треба еколошки Прибе се согласија заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули и екологистите

На Македонија и’ треба еден еколошки Прибе, еден момент за еколошка правда. Министерството и владата ...

Close