За денес да приготвите: Летен тирамису

Десерт кој се подготвува за 5 минути, едноставен а вкусен и освежителен. Идеален е за во топлите летни денови.

Подготовка
Овошјето измијте го, измешајте го и оставете да се исцеди.
Подгответе 4 широки теглички со капак или десертни чаши.
Сварете го кафето и измерете 50мл од него.
Во еден длабок сад ставете го маскарпонето, крем сирењето, слатката павлака (нематена), шеќерот и кората од лимон. Кратко изматете со миксер за да се спојат сите состојки.
Во еден длабок сад ставете го кафето и сокот од цреши. Во оваа мешавина натопете ги пишкотите и распоредете ги во тегличките/чашите. По потреба кршете ги за да ги собери во десертните садови.
Врз нив ставете од мешавината овошје, со лажица натиснете го малку овошјето, и одозгора ставете од кремот со маскарпоне.
Затворете ги тегличките и ставете во фрижидер да одстојат 1-2 часа.
Пред послужување одозгора наросете со какао.

Состојки:
250гр маскарпоне
150гр крем сирење
6 лажици слатка павлака
2 лажици шеќер во прав
1/2 лажиче рендана кора од лимон
6 пишкоти (или по потреба)
50мл кафе (по можност еспресо)
50мл сок од цреши
70гр малини
70гр боровинки
70гр црвени рибизли

За посипување
1/2 лажица какао во прав

Додади коментар

Би те интересирало и

Мразот на Гренланд добива нова боја, научниците се загрижени

Појавата на сè поголем број темни алги на ледената плоча на Гренланд може да доведе ...

И официјално, Џорџ Клуни важи за најубав во светот

Естетскиот хирург Џулијан де Силва направил темелна анализа со компјутерско мапирање на ликот на славниот ...

Close