Зекири со цитати од Куранот против правата на ЛГБТ

Најстариот пратеник во Собранието, Бранко Манојловски, вчера изјави дека ЛГБТ лицата треба да ги имаат сите права.

-Многу прекрасни луѓе. Треба да им се дадат сите права на хомосексуалците во оваа Република. Сите, дури и правото на брак. Ќе речете, зошто тоа? Еве зошто. Тие заедно работеле и направиле една куќа, но потоа едниот починал. И сега, тој не може да ја наследи куќата затоа што е хомосексуалец, изјави Манојловски.

Потпретседателот на СДСМ, кој воедно е и пратеник во Собранието на Македонија, Мухамед Зекири, се јави со реакција на Фејсбук како одговор на изјавата на Манојловски, кој вчера изјави дека ЛГБТ лицата треба да ги имаат сите права.

— Проколнат нека е оној кој го прави тоа што луѓето од Лут го правеа (три пати) (Лут е пандан на Содома и Гомора и мажите кои спијат со мажи се од овој град, а тој го проколнал 3 пати)
– Возљубен е оној кој шири учење во име поинакво од Алах
– Проколнат нека е оној кој сексуално општи со животни
Проколнат нека е оној кој не ги послушува родителите
– Проколнат е оној кој ја венча сопствената ќерка за своја сопруга
– Проколнат е оној кој го брка овчарот од неговата нива и го тера да го напушти своето семе за плодот да го собере проколнатиот.

На Зекири, кој во јавноста е познат како голем поддржувач на Ердоган и како голем љубител на исламот, ова не му е првпат да реагира на вакова начин.
Тој пред некоја година се сликаше облечен во исламска чалма заедно со Бујар Османи за време на нивната посета на Чабе (Саудиска Арабија).

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Платформа за бесплатно сместување во Скопје за УЕФА Суперкупот

Огромниот пораст на цените за сместување во хотелите во Скопје, но и во Македонија поради ...

Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивањето на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу ...

Close