Земјоделци ја блокираа улицата пред зградата на Општина Тетово.

Земјоделци од тетовско со нивните трактори натоварени со лубеници, ја блокираа улицата пред Општина Тетово, од каде побараа градските власти да им обезбедат соодветна локација за продавање на своите производи.

Велат дека се одлучиле на ваков чекор, затоа што се принудени лубениците и другиот сезонски зеленчук и овошје, да го продаваат по тротоари и на разни јавни површини, од каде постојано се бркани и казнувани од полицијата.

За време на блокирањето на улицата кое траеше околу два часа, дел од земјоделците беа примени од преставници на Општина Тетово.

Оттаму им било ветено дека за многу кратко време ќе се надмине проблемот, и ќе се изнајде соодветна локација за продавање на земјоделсктие производи. Ако не се оствари ветувањето, земјоделците најавија порадикални блокади и протести по булевари и автопати.

Додади коментар

Би те интересирало и

Ќе ги снема ли редукциите на вода конечно во Неготино?!

Реконструираната водоводна мрежа и новиот скада систем треба да бидат решение за деценискиот проблем со ...

По излевањето на Поројска река, 400 семества два дена се без вода за пиење

Од наносите од камења и земја кои ги донесе реката уништена е дел од водоводната ...

Close