Зошто модерните врски се толку кревки?

Живееме во свет во кој љубовта се докажува со заеднички фотки на социјалните мрежи, а пријателството се оценува според бројот на лајкови.

Изместените вредности се главната причина зошто голем број од врските се распаѓаат за кратко време и создаваат сè поголема недоверба во љубовта кај луѓето.

Ова се главните причини зошто модерните врски се толку кревки и слаби:

1. Не сме подготвени

Често се случува да не сме подготвени на компромис, жртвување, на безусловно пружање љубов кон партнерот/ката. Не сакаме да чекаме, туку сакаме да добиеме сè одеднаш, што на крајот води до разочарување.

2. Ја мешаме љубовта со другите чувства

Премногу често бараме некој кој ќе оди со нас во кино или на забава, а не некој кој ќе биде тука за нас кога ќе ни биде најтешко. Романтиката и занесот по неколку месеци исчезнуваат, што во многу случаи води кон прекин на врската.

3. Заглавуваме во рутина

По извесен период едноставно немаме простор и време за љубов, бидејќи сме премногу зафатени со бркање на материјални остварувања.

4. Очекуваме моментален резултат

Штом се заљубиме очекуваме нашата врска веднаш да созрее, без да помислиме на фактот дека за тоа се потребни неколку години. Како и за сè останато во животот, трпението е нешто што секогаш е корисно.

5. Претпочитаме да ја трошиме енергијата на погрешни луѓе

Повеќе би сакале да поминеме по еден час со стотици различни луѓе отколку цел ден со една личност. Главното мислење кое владее денес е дека е подобро да се среќаваш нови луѓе, отколку вистински да запознаеш некои од нив.

6. Станавме зависни од технологијата

Технологијата ни овозможи да станеме поблиски, до степен што почнавме да се гушиме едно со други. Пораките, сликите, видео-повиците на некој начин целосно го заменија основниот вид на комуникација, комуникацијата лице в лице.

7. Не можеме да останеме на едно место подолго време

Идејата дека треба да се „смириме“ покрај една личност едноставно нè плаши па постојано се обидуваме да направиме некаква промена штом нештата подолго време ќе останат статични.

8. Станавме „сексуално либерални“

Нашата генерација е таа која го оддели сексот од љубовта. Денес луѓето прво имаат секс, па решаваат дали да останат заедно. Отворените врски, сексот за една вечер или сексот настрана од бракот е нешто кое е составен дел од модерниот живот.

9. Премногу често се потпираме на логиката

Малку се лицата од помладата генерација кои може да сакаат со цело срце и да ги надминат тешкотиите поврзани со времето и далечината.

10. Се плашиме од многу нешта

Се плашиме од нови врски, разочарувања, емоционални рани и скршени срца, и токму затоа тешко дозволуваме некој да влезе во нашиот живот. Градиме ѕидови околу нас, кои честопати се премногу дебели и високи и не ни дозволуваат да гледаме на животот онаков каков што вистински е.

Превземено од: ЦрноБело

Додади коментар

Би те интересирало и

Кои жени најмногу изневеруваат !!!

Многу фактори влијаат врз тоа дали партнерот ќе не изневери – незадоволство, привлечност од друга ...

Што открива вашиот датум на венчање?

Нумерологијата тврди дека датумот на свадбата зборува многу за самиот брак и ја одредува неговата ...

Close