Иванка Трамп ќе работи како неплатен, неформален советник на претседателот на САД

Слушнав дека некои лица се загрижени поради тоа што лично ќе го советувам претседателот. Јас ќе бидам вработена во канцеларија во Белата куќа како неплатен службеник и ќе ги почитувам сите етички правила и други прописи, како и сите други федерални службеници, наведе таа преку соопштение.

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател на САД Доналд Трамп, потврди дека ќе работи во Белата куќа во улога на неплатен, неформален советник на претседателот.

– Слушнав дека некои лица се загрижени поради тоа што лично ќе го советувам претседателот. Јас ќе бидам вработена во канцеларија во Белата куќа како неплатен службеник и ќе ги почитувам сите етички правила и други прописи, како и сите други федерални службеници, наведе таа преку соопштение.

Прашањата за можен конфликт на интереси се поставија откако на 20 март беше најавено дека Иванка Трамп (35) ќе стане неформален советник на својот татко и дека ќе има канцеларија во Западното крило на Белата куќа.

Превземено од: Телеграф

Додади коментар

Би те интересирало и

„Сандеј Тајмс“: Кралицата Елизабета нема да се повлече за Чарлс да стане регент

Британската кралица Елизабета II нема намера да се повлече од британскиот престол за нејзиниот син, ...

Во Холандија се бара враќање на визите за албанските граѓани

Полицијата и обвинителството во Амстердам бараат од холанската Влада да го врати визниот режим за ...

Close