ИД повторно му се заканува на Балканот

Терористичката организација Исламска држава повторно му се заканува на Балканот во најново издание на списанието „Румијах“.

Претставници на терористичката организација повторно ги повикаа симпатизерите да ги убиваат сите оние, кои според нив „не ги почитуваат правилата на Алах“.

До текстот е објавена фотографија на лидерот на ИД во Босна и Херцеговина, Хусеин Кавазовиќ, на неговиот заменик Хусеин Смаиќ и на босанскиот муфтија, кои се окарактеризирани како „измамници на исламот и лидери на неисламска заедница“.

Во текстот се упатува апел да им се отсечат главите, бидејќи како што пишуваат приврзаниците на ИД „нема ништо повредно за Алах од тоа да ги убивате оние, кои ја измениле верата во него, кои сакаат исламот да биде уништен одвнатре“.

– Напаѓајте ги, убивајте ги, тоа е навистина прекрасно дело, се вели во текстот и се повика „телата на измамниците да бидат уништени со експлозивни направи, нивните куќи да бидат нападнати, а тие да бидат убиени пред нивните жени и деца“.

– Пролејте ја нивната нечиста крв, нека тече по улиците на Балканот, пишуваат во текстот исламистите од ИД.

Додади коментар

Би те интересирало и

Србите што убија американски турист и натаму на слобода

Српските државјани осомничени за претепување до смрт на американскиот турист Бакари Хендерсон, што се случи ...

Министерот за одбрана на Хрватска даде оставка поради пожарите

Министерот за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ, поднесе оставка поради пожарите што ја зафатија земјата, ...

Close