Изгоре млада борова шума во Делчевско на површина од 40 хектари

Во пожарот кој беснееше вчера попладне во месноста В’ко во атарот на селото Драмче во Делчево, изгореа 40 хектари млада борова шума.

Од ТППЕ Делчево, денеска информираат дека пожарот кој бил пријавен вчера по 14 часот бил локализиран по полноќ, а во гаснењето учествувале екипи на ТППЕ Делчево , ЈП Македонски шуми, подружница „Голак“-Делчево и месно население.

– Условите за гаснење на пожарот беа многу тешки Сувата вегетација, ветерот придонесе за брзо ширење на пожарот кој со натчовечки напори успеавме да го локализираме и не дозволивме да се прошири до граничната линија со Бугарија

Штетите допрва ќе с епресметуваат, но првично тие се бројат со милионски суми.

Според првичните инфромации од надлежните,причината за пожарот е човечки фактор и најверојатно од невнимание, односно  пожарот започнал од подножјето на шумата од запалено стрниште и брзо се проширил нагоре по планината зафаќајќи огромни размери на шумска површина.

Додади коментар

Би те интересирало и

Исчезнатиот Даниел од Делчево е пронајден мртов

Синоќа во атарот на селото Чифлик, Делчевско е пронајден обесен на дрво 31-годишниот Даниел Георгиевски ...

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Close