Измени во правилата во НБА, намален бројот на тајмаути

Бордот на НБА лигата потврди дека бројот на тајмаути од 18 се намалува на 14, а времетраењето ќе биде 75 секунди, па нема да има веќе поделби на кратки тајм-аути од 60 и долги од по 90 секунди.

Според новото правило во секоја четвртина ќе има по два тајм-аути, а во последните три минути секоја екипа може да побара тајмаут. Паузата на полувреме ќе изнесува 15 минути.

Изведувачот на слободни фрлања не смее да излезе надвор од линијата за три поени меѓу две изведени слободни фрлања, одлучи бордот на НБА лигата.

Преземено од: МИА

Додади коментар

Би те интересирало и

КК Црвена звезда: Алимпијевиќ наследник на Радоњиќ

Шампионот во АБА лигата во изминатите три сезони, кошаркарскиот клуб Црвена звезда, наредната сезона ќе ...

Со победа над Португалија кошаркарите го започнаа „Трофејот на Македонија“

Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација со победа над Португалија го започна својот настап на „Тофејот Македонија“ ...

Close