Илиевски: Помилувањето не може да се повлече – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Илиевски: Помилувањето не може да се повлече

„Гордана е добро храбро се држи, знае дека правдата е на нејзина страна кога тогаш ќе дојде на нејзина страна. Петар е добро и тој е храбро дете, и тој беше предмет на малтретирање уште пред да се роди, во овие две години и повеќе се научи да живее во такви околности“, изјави Влако Илиевски адвокатот и сопруг на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска во гостувањето на „Стадион“ на Радио Канал 77, при одговор на новинарско прашање.

Дали ве пече совеста, за внуците и ќерката на Велија Рамковски кои беа во исто таква ситуација, Иливески вели дека такви тези слушнал многу и смета дека компарациите не се на место и дека тоа претставува класична одмазда од политички побуни. Тој вели дека Гордана ниту нарачала пресуди, ниту обвинила, ниту осудила некој.
Тој не сакаше да ги коментира незаконски објавените телефонски разговори, сметајќи дека тие биле ставени во контекст што и одговарале на тогашната опизициска партија.
Проблемитизирањето на постапката за спроведување во затвор на Јанкуовска, нејзиниот адвокат вели дека со тоа се прекршиле правата што ги има едно осудено лице.

„Сметам дека грубо се повредени законите односно Законот за извршување на санкции бидејќи на Гордана Јанкуловска ниту и беше даден упатен акт, ниту и беше дадена можноста сама да се пријави во затвор. Тоа е кршење на правата што таа ги има како осудено лице“, изјави Илиевски во „Стадион“ и додаде дека тие не планирале одлагање, туку достоинствено како целиот процес да го завршат со доброволно одење во затвор. Но како што вели Илиевски тоа не и било дозволено, бидејќи во 16 часот и пристигнала пресудата, а во 16 часот и 30 минути беа дојдени на врата за нејзино спроведување.

За случајот „Тенк“ Иливски, вели дека Кацарска во Стразбур ќе ја гонат за пристрасност. Тој вели дека тоа е една од условите со кои и било скратено правото на Јанакуловска за правично судење бидејќи целата таа постапка од судење до спроведување во затвор била крајно неправична. Тој вели дека постојат повеќе елементи на која би ја темелел аплкацијата, помеѓу која и пристрасноста.
На прашање како би ги коментирал изјавите на Миле Јанакиески дека „магарето го нема па удрете по самарот“ метафорично кажано, Илиевски вели дека не би сакал да коментира бидејќи своевремено и тој бил дел од кабинетот, но вели дека одговорот треба да се бара кај министерот за внатрешни работи зошто дозволи бегство, длаи некој помогнал за истото, алудирајќи на поранешниот премиер Никола Груевски.

За апликацијата до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Илиевски вели дека не е една апликација, туку 9 апликации, за 10 различни апликанти, дел од нив се повторуваат во повеќе претставки бидејќи станува збор за различни предмети. Тезата наша е дека е повреден принципот на правото и дека не се почитувале одлуките за аболиција, овие лица биле предмет на кривично гонење иако до тоа не требало да дојде.

Јас реагирав во делот дека допрва треба да се разгледува апликацијата. Првата апликација е поднесена пред 3 години и секако дека во овие три години судот пристапил кон привично разгледување на аргументите.
За индивидуализацијата вели Илиевски дека воопшто не е спорна, има одделни одлуки, за секоја одлука има одделни решенија донесено од страна на претседателот и кои се повикуваат на таа одлука и кои решенија ја операционализираат одлуката бидејќи во тие решенија се наведени конкретните истражни предмети по кои се има постапувано.

Ние тврдиме дека неможе да се отповика помилување и дека се што е направено направено е спротивно на принципот на владеење на правото, но еве да оставиме на Владата да аргументира зошто мисли дека може.
Не се опфатени сите предмети и сите обвинети од СЈО со аболицијата, што е со тие што не се аболирани за нив тоа нема да важи.

Факт е дека одредени предмети на СЈО, ниту еен од лицата нема добиено аболиција и тие предмети ќе си се тераат како што продолжиле не може да се повикуваме на аболиција, конкретно за „Тенк“ никој нема аболиција.

Илиевски прогнозора дека одлука од Стразбур би имало до крајот на годината, најдоцна до почетокот на летните одмори.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background