Илјадници луѓе протестираа во Хамбург пред Г20

Илјадници луѓе учествуваа на првиот голем протест во северниот германски град Хамбург, пред групата од 20-те да се состани следниот викенд.

 

Околу 4.000 луѓе маршираа низ центарот на градот во неделата, во знак на протест против климатските и трговските политики на главните развиени и растечки економии во светот, пренесе АП.

Демонстрантите се упатија со флотила од стотици мали чамци, организирана од страна на еколошките, работничките, црковните групи и групите за човекови права.

Властите организираат силна контрола и одредени области на Хамбург ги прогласија за недостапни за демонстрантите за време на самитот на 7-8 јули.

Канцеларката Ангела Меркел во неделата рече дека сака дискусиите меѓу водачите да ги вклучат прашањата за одржливиот развој, правата на работниците и заштитата на животната средина.

Извор: МКД

Додади коментар

Би те интересирало и

Француски полицајци ќе вршат контроли на албанските гранични премини

Француски полицајци на почетокот на септември ќе прстигнат во Албанија како помош на нивните албански ...

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас ги прекина сите контакти со Израел

Палестинскиот претседател, Махмуд Абас вчеравечер нареди да се замрзнат сите официјални контакти со Израел, се ...

Close