Иницијативата „За чисто Тетово“ реагира на одлуката на Општината за отпочнување со работа на нова претоварна станица за смет

Граѓанската иницијатива За чисто Тетово, реагира на одлуката на Општина Тетово за отпочнување со работа на нова претоварна станица за смет, која според нив нема да го реши прооблемот со комуналниот смет, само ќе се создаде нова локација каде ќе се одлагаат купишта ѓубре.
„Одлуката за отворање на нова станица за претовар на сметот е донесена без да се консултира локалното население, и има за цел да се отргне вниманието од дивата депонија на влезот од градот, каде има илјадници тони отпад“, вели Ефтим Геровски од граѓанската инцијатива За чисто Тетово.
Од иницијативата За чисто Тетово, се сомневаат во ветувањата на тетовското комунално претпријатие, дека за дваесет дена ќе ја исчистат дивата депонија на влезот од градот.
Вчера Јавното комунално претпријатие Тетово покрај Автопатот Скопје – Тетово во близина на клучката за тетовското село Требош, промовираше објект каде ќе го претовараат сметот. Во објектот ќе се носи сметот собиран на дневна основа кој потоа ќе се претовара во посебни контејнери кои ќе се носат во скопската депонија Дрисла
Додади коментар

Би те интересирало и

Со силна експлозија во Штип уништена авионската бомба

Успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред речиси еден месец беше ...

Средба на Заев со Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ

На денешната посета на Босна и Херцеговина, премиерот Зоран Заев се сретна и со Бакир ...

Close