Иницијатива на граѓани собираа ѓубре на Шар Планина

Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка собра големи количини ѓубре на излетничките места кон Попова Шапка и на самиот туристички центар, кое несовесните граѓаните го оставиле зад себе.

Вакви еколошки акции се потребни почесто со цел да се разбуди ниската еколошка свест кај народот, но и надлежните редовно да го собираат сметот и да ги казнат лицата кои го фрлаат, рече Амди Сулејмани од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка.

Поранешниот директор на Попова Шапка Менан Мемеди, смета дека еколошката црна состојба која постои на Шарпланинскиот предел, само придонесува оваа дестинација да исчезнува од мапата на туристите.

Учесниците од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка, го посетија туристичкиот центар и Шарпланинските села од каде собраа големи количини отпад, кој беше фрлен на зелените површини.

Додади коментар

Би те интересирало и

Иванов ја повикува Владата јавно да го објави договорот со Бугарија

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ја повикува Владата да го објави и образложи текстот на ...

Уништен единствениот парк во Тетово – Општината не реагира

Единствениот парк во Тетово наспроти спортскиот цетнар е целосно запуштен од градските власти. Реквизитите на ...

Close