Инцидент по протестите „За заедничка Mакедонија” во Куманово

По завршувањето на протестот за заедничка Македонија, ние со тактори си тргнавме за село Пчиња, но пред зградата на комитет во центарот на Куманово едно лице се нафрли врз нас и со тупаници почна да удира по мојот трактор. Јас отворив врати и го турнав, по што се нафрли на друго лице и го удираше со тупаници. Jас не го познавам напаѓачот, но велат дека бил претседателот на Општинската организација на СДСМ од Куманово, Мартин Костовски – вели Раде Цветковски од село Пчиња, учесник на протестите „За заедничка Македонија“.

Тој тврди дека биле нападнати од претседателот на СДСМ од Куманово и уште две лица, по завршувањето на протестите, а случајот го пријавиле во полиција.

Претседателот на општинската организација на СДСМ, Мартин Костовски во моментот е на распист во СВР Куманово, за Канал 77 изјави дека по завршувањето на распитот ќе даде изјава за настанот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Формирана Групација на провајдери на дигитални решенија

Групација на провајреди на дигитални решенија е формирана во рамки на Стопанската комора на Македонија. ...

Во Валандово референдум за рудникот Казандол

Во Валандово денеска ќе се одржи референдум на кој жителите на оваа општина треба да ...

Close