Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус се ослободува од Пјаца – менаџерот демантира

Италијанските медиуми објавија неочекувана вест за можниот трансфер на Марко Пјаца, кој минатото лето во рекорден трансфер од Динамо премина во дресот на Јувентус – пренесува порталот Спортски.

Медиумите пишуваат дека Јувентус е спремен да го прати Марко во Фиорентина, во замена за Федерико Бернардески, од кој Фиорентина ќе се откаже само ако и Пјаца е вклучен во трансферот.

Јувентус би го пратил Марко во Фиренца на двегодишна позајмица, заедно со опцијата подоцна да го откупат неговиот договор.

Фиорентина е заинтересирана за младиот хрватски напаѓач кому дебитантската сезона во Серија А му ја расипа тешката повреда. Јувентус, кој неодамна го доведе Даглас Коста од Баерн, наводно е спремен да се откаже од Пјаца, а одлуката би требало да биде на бившата ѕвезда на Динамо кој во Торино отиде за 23 милиони евра.

Менаџерот на Пјаца, Марко Налетиќ, за торинските новинари изјави: „Пјаца во Фиорентина? Тоа се измислици, се опоравува од повредата и се спрема за новата сезона“.

 

Извор: www.sportski.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Вардар – Копенхаген е меч од висок ризик

Првиот натпревар од третото предквалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу македонскиот првак Вардар и ...

Данило пет години во Манчестер Сити

Бразилецот Данило е нов десен бек на Манчестер Сити откако во неделата потпиша петгодишен договор ...

Close