Иџе го претстави новото возило: Автомобил каков што доликува на еден шампион

Игор Стефановски – Иџе денеска на свечена церемонија го промовираше новиот автомобил и клубот кој овој пат е комплетно македонски, тој верува дека со него ќе и донесе нови и поголеми радости на Македонија.

Во новата сезона од ЕТЦЦ, Игор Стефановски Иџе ќе настапи со комплетно македонски тим, нешто што се случува за прв пат во историјата на ова натпреварување.
Иџе денеска на свечена церемонија го промовираше клубот АКК „Стефановски“ и новиот автомобил со кој ќе атакува на пиедесталот.
„Им благодарам на сите кои овозможија да возам за македонски тим. На луѓето од клубот, тимот околу мене и спонзорите поради кои имаме шанса да настапуваме на ова елитно натпреварување“ – изјави Иџе.
 
„Оваа сезона ќе имаме еден поинаков автомобил, каков што доликува на шампионите. Автомобилот е набавен пред две недели и е последна спецификација која е излезена“.
 
„Ќе биде тешко во новата сезона, но од друга страна и полесно бидејќи целиот тим стои зад мене. Се надевам дека ќе дојдеме до големи резултати и нема да ги разочараме нашите навивачи“.
Новата сезона во ЕТЦЦ почнува на 28. април во Монца, Италија.
Превземено од: МКД
Додади коментар

Би те интересирало и

Охрид е подготвен за 31. издание на пливачкиот маратон

Охридскиот пливачки маратон, трет во Гран при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА) ќе се ...

Традиција, убавина и одличен натпревар: 31 Охридски пливачки маратон

31от Охридски пливачки маратон започнува на 19ти август. Истиот ќе се одржи на патеката „Климе ...

Close