Кагава останува во Борусија Дортмунд до 2020 година

Јапонскиот фудбалер,Шинџи Кагава го продолжи договорот со Борусија, соопшти бундеслигашот од Дортмунд.

Јапонецот кој во Дортмунд пристигна во 2010 година, од 2012 до 2014 година настапуваше за Манчестер Јунајтед, а потоа повторно се врати во Борусија, клуб за кој се обврза да игра уште три сезони.

„Дортмунд со неговите навивачи ми се во срцето и многу сум среќен што ќе останам во овој клуб и во следните три години“, изјави Кагава.

Тој со Борусија има освоено две титули во Бундеслигата и два трофеја во германскиот куп.

Додади коментар

Би те интересирало и

Со дербито Шкендија – Вардар стартува новата сезона во ПМФЛ

Со дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар ќе биде отворена новата сезона во македонскиот фудбалски ...

Потегот на Мурињо силно го разлути Перез

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед одиграа припремен натпревар во склоп на американската турнеа, во кој ...

Close