Кадровски смени во МВР – Крим-полицијата доби нов началник

Кадровски смени се случуваат во Министерството за внатрешни работи, дознава Макфакс.  На местото на досегашниот началник на Петтата Управа во УБК Горан Грујовски, доаѓа Сашо Трајковски.

Од раководната функција е разрешена помошник-министерка за внатрешна контрола, Анета Станчевска. Макфакс неофицијално дознава дека на таа раководна позиција е назначен Дејан Андонов, кој долги години работел во Секторот за внатрешна контрола. Од позицијата началник на крим-полицијата е сменет Марјан Наковски, а на таа позиција е назначен Марјан Коцев, советник во кабинетот на министерот Спасовски.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Ќе ги снема ли редукциите на вода конечно во Неготино?!

Реконструираната водоводна мрежа и новиот скада систем треба да бидат решение за деценискиот проблем со ...

По излевањето на Поројска река, 400 семества два дена се без вода за пиење

Од наносите од камења и земја кои ги донесе реката уништена е дел од водоводната ...

Close