Каевски ги прими македонските олимпијци – учесници на Олимписките игри за глуви

Денеска во Агенцијата за млади и спорт, директорот, Дарко Каевски се сретна со претставници на Националната спортска федерација на глуви во Македонија.

Пет спортисти од оваа федерација се учесници на 23-те Олимписки игри за глуви, кои ќе се одржат во Самсун, Турција, од 18 до 30 јули, 2017-та година.

Македонски претставници за Олимпијадата за глуви ќе бидат: Андријана Грковска (стрелаштво, дисциплина 10м воздушен пиштол и знаменосец на македонското знаме), Светлан Седмаков (воздушен пиштол 10м), Андреј Стојаноски (пливање, дисциплини 400м слободно, 400м мешано, 1500м), Давор Талевски и Самир Цеховиќ (атлетика, дисциплина 100м и 200м).

Каевски им посака успех на македонските олимпијци кои доаѓаат од една од најуспешните спортски федерации. “Со Вашата храброст, енергија и спортски дух – вие сте веќе победници”, потенцираше Каевски.

Постои потреба за вистинско подобрување на условите во кои спортуваат спортистите, истакнаа претставниците на федерацијата и дополнија дека има можност за организација на сезонски кампови и турнири кои ќе бидат начин за континуиран напредок на овие спортисти.

На приемот се говореше и за започнување на кампања која ќе ги привлече младите спортски таленти со овој тип на хендикеп, со цел полесна нивна социјализација во општеството и притоа да дадат придонес во македонскиот спорт.

Во претстојниот период раководството на Агенцијата за млади и спорт потенцираше дека ќе се интензивира соработката со Националната спортска федерација на глуви во Македонија.

Додади коментар

Би те интересирало и

Селекторот Заборски го објави списокот на македонските карате репрезентативци за европското првенство во Португалија

Македонската репрезентација која ќе не преставува на претстојното европско универзитетско првенство кое ќе се одржи ...

Еве како одбојкарите сами си организираа дочек (Видео)

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија по втор пат го освои сребрениот медал во Европската лига ...

Close