Како да направите здрав оброк на работа – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во Етерот

Како да направите здрав оброк на работа

Ако знаете дека во текот на денот нема да имате време за пристоен оброк, земете си сендвич од дома. Изборот на намирници кои ќе ги користите зависи од тоа дали на работа многу седите, или пак повеќе се движите.

Треба да се води сметка и ако сте на диета.

Долго седите и Вашите потреби се:
Растителни влакна кои ја регулираат работата на цревата, витамин Ц за зајакнување на имунолошкиот систем, белковини и јаглени хидрати кои споро се разлиожуваат.
Вашиот сендвич:
70g интегрален леб, студен омлет зачинет со лук, пиперка, патлиџан и магдонос.
Енергетска вредност:
270kcal, 18g белковини, 11g масти, 60mg витамин Ц, 6mg растителни влакна.

Многу одите и Вашите потреби се:
Јаглени хидрати кои бавно се разложуваат, добри маснотии, железо, витамини од Б групата за мускулен тонус.
Вашиот сендвич:
70g леб со семки премачкан со маргарин, две парчиња шунка, краставички.
Енергетска вредност:
450kcal, 28g белковини, 20g масти, 10mg железо, 50mg магнезиум.

На диета сте и Вашите потреби се:
Јаглени хидрати кои бавно се разложуваат за да бидете сити до следниот оброк и малку масти за подобро расположение.
Вашиот сендвич:
70g интегрален багет премачкан со тенок слој на диетален маргарин и сенф, кромид, краставичка, патлиџан и пилешко бело емсо исечкано на коцки.
Енергетска вредност:
300kcal, 21 gбелковини, 8g масти, 3g растителни влакна.


Во етер
Наслов
Изведувач

Background