Како канцелариската работа влијае на вашето здравје?

Стресот е еден од најголемите проблеми на денешницата. Постојат уште многу начини на кои канцелариската работа го уништува здравјето. Дознајте ги проблемите на време и заштитете се.

Ризик од дијабетес
Ако најголемиот дел од денот го минувате седечки, треба да знаете дека сте на ризик да добиете дијабетес од тип 2. За превенција правете кратки пауза на секој час до два и прошетајте или испијте го кафето на нога, наместо да седите.

Изместување на колковите
Жените со широки колкови има поголеми шанси да патат од истегнување заради секојдневното седење, токму заради оптеретувањето на карлицата. За превенција, прилагодете ја висината на столицата. Аголот на кој нозете ви паѓаат надолу нека биде 90 степени или помалку.

Вишок килограми
Премногу храна, а премалку движење доведува до овој проблем. Превенцијата е многу едноставна – На работа секогаш носете здрава храна, наместо да купувате од блиската сендвичара.

Суви очи
Затоа што денес поголем дел од активностите се врзани со компјутер, видот се влошува. Понекогаш дури забораваме да трепкаме, по што настанува сушење на окото. За да го намалите ризикот од очила или леќи, на секои 20 минути гледајте по 20 секунди во предмет оддалечен околу 6-7 метри.

Проширени вени кај жените
Долготрајното седење го зголемува ризикот од проширени вени, од кои боледуваат дури 50 проценти од жените. За превенција, носете чорапи или хулахопки со големо ниво на ликра која ќе ги притисне нозете, ќе ја подобри циркулацијата и ќе ги ублажи симптомите.

Додади коментар

Би те интересирало и

Со средство за стакло го уништила моторот на својот автомобил

Една Французинка направи толку ’талентирана’ работа со која не само што си го уништи својот ...

Петгодишно девојче казнето зашто продавало лимонада

Ќерката на лондончанецот Андре Спајсер е казнета со 150 фунти бидејќи им продавала лимонада на ...

Close