Катар има „разумни“ позиции во спорот со арапските земји

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон се надева на напредок во изнаоѓањето решение во спорот меѓу Катар и четирите арапски земји.

Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ и Египет во мај му наметнаа санкции на Катар, со обвинение дека земјата ги финансирала екстремистичките муслимански групи. Една од битните причини за спорот е и блискоста на Катар со Иран, шиитска земја која сунитската монархија во Саудиска Арабија ја смета за „заколнат непријател“.

САД стравуваат дека кризата во Заливот би можела негативно да се одрази на операциите против тероризмот во регионот, но и од растечкото влијание на Иран, кој му помага на Катар да ги намали ефектите на санкциите.

Преземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Масовна евакуација поради пожарите во Франција

Над 10.000 луѓе се евакуирани поради пожарите што ја зафатија југоисточна Франција, соопштија властите. Стотици ...

Претседателот на ОАД планира да ја изведе Венецуела пред Меѓународниот кривичен суд

Претседателот на Организацијата на американските држави, Луис Алмарго изјави дека планира да ја изведе Венецуела ...

Close