Катар одговори на ултиматумот

Катар им предложи на арапските држави намалено ниво на дипломатски односи со Ирак и затворање на арапската телевизија Ал Арабија (на ОАЕ) како одговор за ултиматумот поставен од Саудиска Арбаија, ОАЕ, Бахреин и Египет.

Катар ја исклучи можноста да ја затвори турската воена база на својата територија.

„Штом Катар треба да го намали нивото на дипломатски односи со Иран тоа треба да го сторат и другите арапски држави, а штом треба да ја затвори на своја територија телевизијата „Ал Џезира“, нека бидат затворени и други арапски канали како „Ал Арабија“ во ОАЕ“, се наведува во дел од одговорите објавени од катарски медиуми.

Одговорите на 13. барања на арапските држави за решавање на кризата со Персискиот залив, Доха ги дала со посредство на Кувајт.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Преку 100 загинати во досегашните протести во Венецуела

Во Венецуела во тек е дводневен генерален штрајк на опозицијата. Првиот ден од новиот протест ...

Израел ги отстрани најновите безбедносни мерки кај светите места во Ерусалим

Израелските власти рано утринава ги отсранија и последните најнови мерки за безбедност што предизвикаа силен ...

Close