Катица Јанева ќе ги побара предметите Сопот, Монструм, Маѓар Телеком ако има поголема соработка со правосудните органи

Синоќешните протести на кои учесниците пред Основниот суд Скопје 1 ги бранеа обвинитетите од ВМРО ДПМНЕ беа насочени кон судот не кон СЈО , рече Специјалната обвинителка Катица Јанева. Таа додаде дека нема никакви информации околу протестите, ги видела како и секој обичен граѓанин.

Специјалната обвинителка Катица Јанева, рече дека соработката со судовите и Jавнотo обвинителство сега е поголема за разлика од порано. Претходно вели таа правосuдните органи, немаа волја да соработуваа со СЈО, затоа не го побарав и случајот Монструм.

На новинарско прашање зошто нема обвините функциониери од ДУИ во нејзините предмети, таа одговори дека за нив има предистражни постапки но поради албанскиот јазик на која зборувале во прислушуваните разговори, процесите за овие лица се одолговлекувале.

Катица Јанева ги отфрли обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ, дека СЈО е партиска канцеларија на СДСМ. На сите обвинети гледам исто, за мене е важно за обвинетите да имам докази, и не ме интересира од која партија доаѓа, рече Јанева.

Специјалната обвинителка, изјавата ја даде по одржувањето на тркалезната маса, Реформите во правосудството, која се одржа на Штуловиот универзитет во Тетово.

Додади коментар

Би те интересирало и

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат Собранието да одлучи за Договорот со Бугарија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара јавна, отворена и итна седница во врска со најавата за ...

Интегрална верзија од Договорот со Бугарија

Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија ќе биде објавен на 1-ви следниот ...

Close